Сите права се задржани - Capitol Mall
Design and development by MKhostПравно лице кое е овластено и кое стои зад оваа политика на приватност е Capitol Mall.
Capitol Mall нема да ги продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.
Capitol Mall не ги продава, ниту ги изнајмува своите листи на клиенти на трети лица. Capitol Mall може да Ве контактира во име на други деловни партнери во врска со релевантни понуди кои можат да бидат од ваш интерес. Во овие случаи, вашите лични информации (е-пошта, име, адреса, телефонски број) не е, и нема да биде доверена на трети лица.
Формуларот за контакт на нашиот сајт бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, емаил). Овие информации Capitol Mall ги користи за да ви одговори на вашето барање/порака.
Oвој сајт содржи линкови до други сајтови. Capitol Mall не е одговорен за приватноста, начинот на работа или содржината на овие веб-сајтови.
Податоците кои се прибираат преку Capitol Mall се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници.
Во случај на криминална истрага, Capitol Mall ќе се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
Capitol Mall користи “колачиња” заради персонализирање на Вашето пребарување по интернетот. Колаче е текстуален фајл кој преку сервер се пренесува на Вашиот хард диск и е складиран во Вашиот веб прелистувач. Колачињата не може да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на Вашиот компјутер. Колачињата се уникатно доделени и може да се читаат само од доменот на веб серверот што претходно Ви ги има издадено.
Една од основните цели на колачињата е да го направи вашето интернет пребарување полесно и поефикасно. Колачето му укажува на веб серверот дека сте се вратиле на одредена страница и ги чува вашите лични информации, така да не мора да ги внесувате податоците секој пат кога ќе посетите нова веб страна на Capitol Mall.
Имате можност да ги прифатите или одбиете колачиња. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но постои можност со промена на подесувањата во вашиот прелистувач да отфрлите некое или сите колачиња. Ако ги одбиете нема да можете да уживаате во целосно интерактивно искуство предвидено од страна на Capitol Mall и ќе пропуштате одредени функции на веб страната.
Capitol Mall ја користи вашата IP адреса да му помогне при дијагностицирање на проблемите со сервер како и за администрација на нашиот веб сајт.
Заради споредбени анализи, Capitol Mall го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходна веб-адреса од која дошол посетителот) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.
Личните податоци во однос на кредитните картички Capitol Mall нити ги процесира, а со тоа и нема можност да ги складира и користи истите за било каква намена.
Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на contact@capitolmall.mk .
Апликацијата е креирана од Мкхост по барање на КАПИТОЛ МОЛ. Со користење на апликацијата вие ги прифаќате политиките и практиките на приватност во оваа изјава за приватност.
Кои лични податоци апликацијата ги чува?
Како се користат податоците кои се зачувуваат?
Податоците се користат за да се означи единственоста на корисникот, за да може подоцна да го подигне подарокот што ќе го освои. Името и презимето се прикажуваат во самата апликација на страницата на КАПИТОЛ МОЛ во одделот за играта за подароци. Покрај името и презимето кои се прикажуваат со најава во апликацијата се прикажува и сликата на корисникот во мали димензии (thumbnail). Единственото корисничко ID кое Facebook го има за секој посебен Facebook профил се користи за да се направи уникатно одвојување на корисниците во случај на исто име и презиме (како уникатен клуч). Емаил адресата се користи за испраќање на емаил порака за учество во играта на подароци, како и известување на корисникот во случај на добиен подарок.
Кој може да ја користи апликацијата?
- Сите лица над 13 годишна возраст може да учествуваат во играта на подароци
Како може да се добијат дополнителни поени?
- Покрај внес на купоните кои ќе ги добиваат корисниците при секое пазарење во Капитол МОЛ, тие ќе имаат начин да освојат дополнителни поени и тоа преку:
Објавување (share) на линкот до играта на подароци на КАПИТОЛ МОЛ на нивниот зид на Facebook
- Праќање на директна порака до својот пријател/пријатели која ќе го прати линкот до играта на подароци на КАПИТОЛ МОЛ, заедно со краток воведен текст.
